Осомничените за убиството кај Смиљковци

ВЕСТИ
03.05.2012 01:53
 
32 годишниот Африм Исмаиловиќ, неговиот брат 33 годишниот Агим Исмаиловиќ и Алил Демири 27 годишен се тројцата кои пукале во петмината невини граѓани кај Железарското Езеро. Заедно со нив биле и 54 годишниот Фејзи Азири и 24 годишниот Рами Сејди. За сите петмина МВР поднесе кривична пријава за тероризам.Околу 20 часот кај Смилковското езеро тројцата пријавени со две автоматски пушки и еден пиштол ги лишиле од живот петмината, а веднаш по убиството со возилото побегнале кон граничниот премин Долно Блаце. Автомобилот го оставиле кај местото Вражји Вир, а со помош на останатите двајца пријавени успеале илегално да заминат на Косово. Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство, најверојатно во Косово.  

Во домот на 33 годишниот Назиф Мемети полицијата пронашла пиштол и девет куршуми. Кај 28 годишниот Ибрахим Зајдини една автоматска пушка, неколку рамки за муниција, еден сигнален пиштол и една рачна бомба кашикара. Кај 60 годишната Фериде Билали од Отља биле пронајдени голем дел на муниција и куршуми, рамки за автоматска и полуавтоматска пушка и реденици за пушко митролез. Во нејзиниот дом имало и радиостаници, маскирни панталони, кошули, ранци, амблеми, легитимации и албум со ознаки на УЧК, како и тактичките елеци маскирна боја со амблем на УЧК. Исни и Рамадан Асани, татко и син од скопско Арачиново имале оружје во нивниот дом. Посебен извештај до Јавното обвинителство е поднесен против уапсените Демири Ќезмедин (30), Азири Хаки (29), Зендели Џелал (27), Ќаиловски Муамер (29), Хајдари Бесим (26), Мемети Мерван (31), Рашитов Абдула (45), Асипи Сурај (21), Исмаиловиќ Мирвет (26) и Демири Кимет (22) исто така сите од Скопје. Тие се осомничени дека помагале или го планирале злосторот и со тоа учествувале во него, а покрај тоа треба да одговараат и за најденото оружје и муниција во нивните домови.