Северина во Скопје се погрижи за вниманието на новинарите и фотографите. Пејачката пристигна во Македонија за да го најави големиот концерт со Горан Бреговиќ. Севе беше облечена во тесен, деколтиран фустан „Herve Leger“ во кој до израз дојде нејзиното бујно деколте. Таа веќе неколку години соработува со Горан Бреговиќ, а сега најави и дека ќе и биде гостин на нејзниниот солистички концерт во Скопје. Нејзиниот концерт ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“ на 6-ти ноември, со тоа што ќе го исполни ветувањето на македонската публика.

Нејзината популарност во Македонија не опаѓа, што покажува и фактот на нејзиниот минатогодишен настап во Прилеп на „Пивофест“ каде што имаше околу 50.000 луѓе, а ниту помалку на овогодишниот настап во центарот во Куманово.



|