македонија

13:43:00 , 12 Ное, 2011

МТВ почнува со вести за глувите

- Чинот за прв пат да се донесе една ваква значајна одлука како што е воведувањето дневник на знаковен јазик наменет за глуви и наглуви лица кој што ќе се емитува на МРТВ е озвучување на гласот на тишината, рече на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Ова е само почеток, како што нагласи министерот, кон воведување и на други емисии од информативен карактер, кои треба да бидат поттик и за останатите телевизиски куќи во државава.

- На овој начин ќе се унапреди толеранцијата и разбирањето кон глувите и наглувите лица, на што не обврзува и Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на Обединетите нации, чијшто потписник е и Република Македонија и чијашто ратификација се очекува во скоро време од страна на македонското Собрание, истакна Ристовски.

Генералниот директор на МРТВ Петар Каранаков посочи дека по долго време дневникот на Македонската телевизија ќе се емитува и на знаковен јазик за глуви и наглуви лица. Тој најави дека МТВ во текот на оваа недела ќе започе и со примена на овој начин на превод и за дебатните емисии.

Претседателот на Националниот Сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија Васко Марков во име на членовите на Сојузот искажа благодарност до МТСП и до МРТВ бидејќи искажале разбирање и „слух“ за нивната тишина.

Главниот и одговорен уредник на МТВ Петар Ѕалев информира дека денеска во 16:30 часот ќе се емитува првиот дневник на МТВ со знаковен јазик за глуви и наглуви лица, а во недела ќе стартува и првата емисија „Од наш агол“, а веќе од следната недела ќе се пристапи и со воведување на толковен јазик и на други емисии.

Проектот е реализиран од Министерството за труд и социјална политика во соработка со Македонската радио телевизија и Националниот Сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија.

Ова е само почеток, како што нагласи министерот, кон воведување и на други емисии од информативен карактер, кои треба да бидат поттик и за останатите телевизиски куќи во државава.

- На овој начин ќе се унапреди толеранцијата и разбирањето кон глувите и наглувите лица, на што не обврзува и Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на Обединетите нации, чијшто потписник е и Република Македонија и чијашто ратификација се очекува во скоро време од страна на македонското Собрание, истакна Ристовски.

Генералниот директор на МРТВ Петар Каранаков посочи дека по долго време дневникот на Македонската телевизија ќе се емитува и на знаковен јазик за глуви и наглуви лица. Тој најави дека МТВ во текот на оваа недела ќе започе и со примена на овој начин на превод и за дебатните емисии.

Претседателот на Националниот Сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија Васко Марков во име на членовите на Сојузот искажа благодарност до МТСП и до МРТВ бидејќи искажале разбирање и „слух“ за нивната тишина.

Главниот и одговорен уредник на МТВ Петар Ѕалев информира дека денеска во 16:30 часот ќе се емитува првиот дневник на МТВ со знаковен јазик за глуви и наглуви лица, а во недела ќе стартува и првата емисија „Од наш агол“, а веќе од следната недела ќе се пристапи и со воведување на толковен јазик и на други емисии.

Проектот е реализиран од Министерството за труд и социјална политика во соработка со Македонската радио телевизија и Националниот Сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија.

* Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот "Кирилица" не е дозволено.

Заев нема да се појави на суд и следниот понеделник

Лидерот за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев, нема да се појави во Скопскиот кривичен суд ни следниот понеделник, на 7 септември, за кога е закажан почетокот на судскиот процес за случајот „Пуч“, изјави за „Мета“ портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

ЛП: Економијата не смее да биде партиска

Комисијата за економија и финансии при Либералната партија(ЛП) реагира на последните изјави на претседателот на Владата на РМ каде тој уверува дека домашните и странските инвеститори имаат еднаков третман.

Чарлс Гарет: Нема магично стапче, успехот треба да дојде од самата Македонија!

Луѓето и институциите треба да го променат нивното однесување и често да носат и болни одлуки, со што се покажува политичка и институционална зрелост, вели во интервју за Дојче веле, британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет.

Могерини: Ако се затвориме за бегалците, повеќе не сме Европа!

Европската комесарка за надворешна политика и безбедност на Европската унија(ЕУ) Федерика Могерини изјави дека стариот континент е соочен со најголемата бегалска криза од крајот на Втората светска војна. Еврoпските порти не можат да останат затворени за бегалците, ако тоа се случи „не сме повеќе Европа“, порача Могерини.

(НЕ)ОТЧЕТНОСТ: Граѓаните имаат право да знаат како општините ги трошат парите!

Не само граѓаните од општините со доминатно македонско население, туку и жителите од општините со доминатно албанско население немаа целосен увид за тоа како локалните власти ги трошат нивните пари, информира порталот Порталб во последната економска анализа.

Опозицијата утре се враќа во Собрание

Опозициската коалиција, предводена од СДСМ, од утре влегува во Собранието, во согласност со дел од Договорот од Пржино, потпишан од четирите најголеми политички партии на 2 јуни и на 15 јули за надминување на политичката криза.

Тема

Модерната печуркара, за која Груевски сечеше ленти, остана само пуста карабина

Фабриката за печурки во близина на Свети Николе, што уште лани ја вети премиерот Никола Груевски и за која свечено сечеше лента и фрлаше лопати за ...

Став

Вистинските тие

Избор

Западната култура тежи од великани - Евреи

Иако може да се каже дека за многубројните постигања на Евреите интелектуалци, научници и уметници се заслужни и самите култури и општествени системи каде тие поникнале, сепак не може да се спори ...

Актерите од ТДМ бараат младинските претстави да не се укинуваат

Актерите од Театарот за деца и младинци, по најавите на новиот директор Братислав Димитров, дека ќе ја укине младинската сцена, се огласија со отворено писмо до јавноста. Според нив, со одлуката на директорот да не аплицира во Министерството за култура за нови младински претстави во новата сезона, оваа сцена ќе згасне. Засега нема одговор од ресорното ...

Пронајдени се заталакните скопјани на Бистра

Двесет и четиричасовната голгота на двајцата скопјани кои заталкаа на планината Бистра утрово заврши со среќен епилог. Заскитаните, утрово ги пронашла полициска патрола која трагала по нив.

Тригодишно девојче и 23-годишен маж загинаа во сообраќајка кај Плетвар

Во сообраќајната несреќа што се случи синоќа кај Плетвар загинаа тригодишно девојче од Скопје и 23-годишен прилепчанец, а една жена е повредена.

УНХЦР: Можни се и до 3 илјади бегалци дневно во Македонија

Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци, УНХЦР, врз основа на трендовите во Турција и Грција, предвидува дека бројот на ново пристигнати бегалци во Македонија наскоро ќе се зголеми на 3.000 дневно.

Интервју

Горан Рафајловски: Точно е дека Македонија капитулира по прашањето на мигрантите

Интервју Ванчо Узунов: Граѓаните мора да ја принудат власта да каже колку е задолжена државата

Власта на Груевски прво ги дочекува на нож и со омаловажување сите предлози и сугестии на опозицијата, а потоа, ги воведува самата, со медиумска кампања колку власта била умна и добронамерна па се сетила на добри мерки. Ужасна хипокризија! Но, од оваа власт одамна веќе ништо не зачудува, вели Ванчо Узунов, универзитетски професор во интервју за Кирилица. ...

Тито Петковски: Јавноста ќе ги чуе необјавените „бомби“ па и тие за Смилковско Езеро

Целокупниот материјал со кој располага Заев ќе му биде ставен на располагање на специјалниот обвинител, како оној кој веќе е објавен во јавноста, така и останатиот. Тој материјал ќе биде предмет на расправа пред Комисијата за надзор врз следењето на комуникациите, која ќе биде составена со претседател и мнозинство членови на опозицијата. Така да, на ...

Бранко Наумовски: Тешко и се пишува на Македонија ако не се реализира договореното во Пржино

За имплементирање на договорот ќе треба добар дел од постоечката норматива да се измени и дополни, за да се создаде основа за примена на договорот, во спротивно ако не се создаде нормативна основа и директно се спроведува договорот за мене ќе значи постоење на парауставен правен систем, вели Наумовски во интервју за Кирилица.

Избори во април се грешка, нужна е преодна влада со манадат од 12 до 18 месеци

И власта и опозицијата си го покажаа своето вистинско лице. И на едните и на другите најлесно им е да закажат избори сметајќи дека едните ќе останат на власт па во иднина ќе можат да ги забошотат сите обвинувања, а другите дека ќе дојдат на власт и ќе им наплатат за сé и тоа на оние кои досега се на власт. А на претставниците на меѓународната заедница, ...

Србија укинува 30.000 работни места во јавните служби

Србија, до крајот на годината, во јавните служби би требала да има околу 30.000 помалку вработени како резултат на двегодишната рационализација, соопшти српската министерка за државна управа и локална самоуправа Кори Удовички.

Убиен мигрант во Грција

Седумнаесетгодишен мигрант беше убиен во Грција во вооружен судир меѓу полицијата и трговци со луѓе, јавуваат грчките медиуми.

Унгарија се огради од бегалците

Унгарија завршила со поставување на бариерата од бодликава жица во должина од 175 километри, долж границата со Србија, со цел да го спречи преминувањето на мигрантите на нејзина територија.

Уапсени петмина Косовци кои во телефоните имале снимки со отсекување глави

Во Бугарија се уапсени петмина граѓани од Косово, кои во своите телефони чувале видеоснимки на отсечени човечки глави. Полицијата ги приведила на граничниот премин „Ѓуешево” крај Ќустендил.

Викендов над 2.500 мигранти се спасени во Егејското море

Грчката крајбрежна стража денеска соопшти дека викендов, во неколку десетини операции во Егејското море, спасила речиси 2.500 бегалци од Африка и од Азија кои се обиделе да дојдат до Европа.

ИД уништи уште еден храм во Палмира

Милитантите на Исламската држава оштетиле уште еден антички храм во сирискиот град Палмира, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија.

Потона брод со мигранти кај Либија, најмалку 37 лица се удавија

Најмалку 37 лица се удавија, кога потона брод со мигранти крај либискиот брег, соопшти портпарол на либискиот Црвен крст.

Фабиус упати остри критики поради скандалозното однесување: Срамота е, Унгарија треба да ја отстрани оградата

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус го дефинира како скандалозно однесувањето на некои земји од Источна Европа, на чело со Унгарија, во врска со кризата со бегалците, јави “Франс прес”.

Вистинските тие

Какви се овие хоризонти што за македонската култура ги отвора една ваква (не)културна кич политика? Или таа не цели кон отворање на хоризонти, туку кон – затворање? Зашто, кои и какви хоризонти можат да отворат Есма и Сузе, Калиопа и Алачки?

Култура според провинциска мерка

Повторно, за среќа, во културата (не)одговорноста е потранспарентна и е лоцирана кај еден и само кај еден човек – министерката за (не)култура! И Министерството за (не)култура! Одговорноста на целата Влада се подразбира, но таа е некако посредна, индиректна зашто конците по правило ги влече првиот човек на ресорот.

Брисел, разбуди се, реката мигранти бара чаре!

Македонија донесе контроверзна и опасна одлука да ја запре реката мигранти упатена кон нејзината територија, со помош на војска и полиција! Нормално дека тоа е јалов и очајнички план.

Сè уште го убиваат „Самоубиец“

По сѐ изгледа дека скопската публика нема да го види Ердмановиот „Самоубиец“ во 2016 година. И нема да види дека самоубиецот не се убива, како што подметнуваат игнорантот Миленко и неговите суфлери, обидувајќи се да ме обвинат за „морбидно влијание“(!) врз младите.

Игор Стефановски–Иџе ја одбрани европската титула

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе ја одбрани титулата европски шампион на ридски патеки во категорија 1.

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев победи на Охридскиот маратон

Евгениј Поп Ацев е победник на 29-тото издание на Охридскиот пливачки маратон. Тој е првиот македонски пливач што победува на маратонот во изминатите 29 изданија колку што маратонот на Охридскиот маратон е на „Гран-при“ програмата на трки на отворени води на Светската пливачка федерација.

Надал не сака да игра со Кирјос

Еден од најголемите тенисери во историјата на овој спорт, Рафаел Надал одби да игра против австралискиот тенисер Ник Кирјос, јавува Спортмедиа.

Меси избран за најдобар фудбалер во Европа

Лионел Меси е избран за најдобар фудбалер во Европа за минатата сезона во изборот на 55 новинари од Стариот континент.

Меркел до Груевски: Ти уште не си во затвор!? (Фото)

На сатиричниот Фејсбук профил „Странски служби“ денеска е објавена фотографијата на која премиерот Никола Груевски срдечно се поздравува со германската канцеларка Ангела Меркел на конференцијата за Западен Балкан што се одржа во Виена.

„Странски служби“ откриваат зошто Груевски се шета озвучен (Фото)

Сатиричната Фејсбук страница „Странски служби“ објасни зошто премиерот Никола груевски се шета озвучен.

Како севернокорејската телевизија извести за Саше Политико

На Јутјуб се појави ексклузивно видео од извештај на дописникот на Државната телевизија на Северна Кореја за инцидентите поврзани со македонскиот провокативен новинар Саше Политико и за политиката на македонската влада кон него.

Дрес-кодот на Груевски - декодиран!

Хакер, кој во слободно време работи за странски разузнавачки служби, вчера успеа да го дешифрира значењето на маицата на премиерот Никола Груевски.

Почина легендарниот режисер на хорор филмовите, Вес Крејвен

Вес Крејвен, легендарниот режисер на хорор филмови, меѓу кои „Врисок” и “Кошмарот во улицата на брестовите”, почина на 76 годишна возраст.

Седум години затвор за смртоносен секс при стотка на час

Триесет и шестгодишен маж од Сасекс, Британија, е осуден е на седум години затвор зашто направил судир во кој загинала неговата девојка, а причина за судирот била тоа што двајцата имале секс додека нивното возило се двдижело со брзина од 110 километри на час, пренесе Би-би-си.

Полска потврди дека е пронајден легендарниот воз на нацистите полн со богатства

Полските власти се веќе сигурни дека возот што го пронајдоа двајца трагачи по богатства всушност и припаѓал на нацистичка Германија, и исчезнал на крајот од Втората светска војна, полн со богатство и оружје.

За еден ден една милијарда посетители на Фејсбук

Бројот на корисниците на социјалната мрежа Фејсбук во понеделникот достигна првпат една милијарда посетители за еден ден, изјави директорот на компанијата Марк Цукерберг.