Нов земјотрес ја стресе Македонија, епицентарот повторно во Бугарија

Вести
00:34:00 , 24 Мај, 2012

Нов земјотрес беше почувствуван во Македонија две минути пред полноќ. Според Европскиот средоземноморски сеизмолошки центар земјотресот бил со сила од 4,3 степени по скалата на Рихтер. Епицентарот повторно бил во соседна Бугарија, во Перник, 2 километри под земја. На 22 мај беше почуствуван земјотрес со сила од 5,8 според Рихтер.

* Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот "Кирилица" не е дозволено.