македонија

15:12:00 , 13 Фев, 2011

Повредени на инцидентот на Кале

Дупнати глави, еден прободен со нож и неколку повредени полицајци. Денес околу 13 часот се случи инцидент на скопското Кале, кога неколку македонски и албански здруженија и неформални групи најавија дека ќе го искажат својот став за рушењето на Музејот- црква.

Неофицијално, инцидентот се случил кога се пресретнале навивачките групи на Комитите и Шверцерите по што почнале да се удираат со камења, дрвја и други предмети. Во моментов на Кале полицијата со сите сили интервенирала да се спречи поголем инцидент.

- Пет лица побарале помош во Градската Болница. Четворица се пуштени дома по прегледот бидејќи се јавиле со помали повреди од удари со камен и други слични предмети. Врз петтото лице се уште се вршат интервенции. Кај него веројатно се работи за потрес на мозокот и истиот постои можност да биде задржан на лекување. До сега не е примено лице со убодна рана. Еден од прегледаните имал посекотина на потколеницата која не била посериозна- вели доктор Нино Груев од Градската Хируршка Болница.

Во Воената Болница засега има информација за преглед на еден полицаец кој бил повреден во раката со камен.

Неофицијално, инцидентот се случил кога се пресретнале навивачките групи на Комитите и Шверцерите по што почнале да се удираат со камења, дрвја и други предмети. Во моментов на Кале полицијата со сите сили интервенирала да се спречи поголем инцидент.

- Пет лица побарале помош во Градската Болница. Четворица се пуштени дома по прегледот бидејќи се јавиле со помали повреди од удари со камен и други слични предмети. Врз петтото лице се уште се вршат интервенции. Кај него веројатно се работи за потрес на мозокот и истиот постои можност да биде задржан на лекување. До сега не е примено лице со убодна рана. Еден од прегледаните имал посекотина на потколеницата која не била посериозна- вели доктор Нино Груев од Градската Хируршка Болница.

Во Воената Болница засега има информација за преглед на еден полицаец кој бил повреден во раката со камен.

* Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот "Кирилица" не е дозволено.

Заев за Илинден: Идеалите на Илинденците не смеат да бидат изневерени (Видео)

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, честитајќи им го големиот празник на македонските граѓани, денеска од Пелинце изрази оптимизам за надминување на политичката криза, но истовремено и предупреди дека не смее да се дозволи уривање на она што нашите предци го изградиле на двата Илиндена.

Јавниот долг се приближува до 4 милијарди евра

Три милијарди и 923 милиони евра или 43,7 отсто од бруто домашниот производ – ова е нивото на јавниот долг заклучно со вториот квартал од годинава, објави Министерството за финансии - јави 24 вести.

Иванов: Македонија сè уште е политички длабоко поделена

„Иако слободна, Македонија како сè уште да им робува на поделбите, иако независна и суверена, решенијата за внатрешните прашања сè уште ги бара надвор од неа и иако е обединета во етничката и во верската различност, сè уште е политички длабоко поделена“, рече претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во своето обраќање од Мечкин Камен, во Крушево, по ...

Утре дожд со грмежи

Македонија утре и во вторник ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, која ќе услови променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд. Во попладневните часови дождот ќе биде пороен, проследен со грмежи.

Груевски: Борбата на Илинденците е поттик за нашиот стремеж кон највисоките цели

Навраќајќи се на стремежите и оддавајќи почит на жртвите на Илинденците и на учесниците во антифашстичката борба, премиерот, Никола Груевски, во свето обраќање пред споменикот на претседателот на Презедиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, во Скопје истакна дека нивната борба е поттик за „нашата борба и нашиот стремеж кон највисоките цели. Посилна ...

Прилеп без државни знамиња за Денот на Републиката (Галерија)

Прилеп на Илинден осамна без истакнати државни знамиња, од локалната самуправа заборавија дека денеска е државен празник на Република Македонија.

ТопТема

Бегалска криза: Кралството Норвешка ни подари полска болница, ама ја чуваме во бункер

Кирилица пред десет дена иницираше преку новинарско прашање до Министерството за одбрана да се активира полската болница што Македонија ја доби како ...

Уводник

Чукнете ги главите, ама своите!

Избор

Медиумите - еврејски, зашто така е поинтересно!

Колумна

Лидерство на случајните

Моторџија загина кај Радовиш

Вчера околу 04,40 часот на регионалниот пат од правец на Планина Плачковица кон Радовиш, моторцилкл „Хонда“ со штипски регистерски ознаки, а управувано од Иван Ф.(24) од Радовиш во еден момент изгубил контрола излетал од патот и удрил во дрво покрај коловозот.

Телохранителите на Груевски му се заканиле на Саше Политико дека ќе го претепаат (Видео + Фото)

Телохранителите на премиерот Никола Груевски денеска го туркале новинарот Саше Ивановски Политико и му се заканиле дека ќе го претепаат на плоштадот Македонија, каде премиерот имаше свое обраќање пред споменикот на Методија Андонов Ченто по повод државниот празник Илинден.

Заев положи свежо цвеќе на споменикот на АСНОМ во Пелинце (Фото)

По повод големиот државен празник 2 Август - Ден на Републиката, претседателот на СДСМ, Зоран Заев оддаде почит и положи свежо цвеќе на споменикот на АСНОМ во Меморијалниот центар Пелинце.

Времеплов на Странски служби: На денешен ден во 2011 година ВМРО го сруши Космос на Фијат Цаноски (Видео)

***ВМРОПЛОВ*** На денешен ден 2011 година ВМРО, во знак на одмазда за напуштање на коалицијата и шурувањето со Велија Рамковски, го сруши Космос на Фијат Цаноски. По неколкумесечно молење и плачење во кабинетот на Груевски, Цаноски не успева да ја спаси својата милионска инвестиција, а со неа заминаа и заштедите на стотици луѓе кои купија станови во ...

Интервју

Ванчо Узунов: Граѓаните мора да ја принудат власта да каже колку е задолжена државата

Тито Петковски: Јавноста ќе ги чуе необјавените „бомби“ па и тие за Смилковско Езеро

Целокупниот материјал со кој располага Заев ќе му биде ставен на располагање на специјалниот обвинител, како оној кој веќе е објавен во јавноста, така и останатиот. Тој материјал ќе биде предмет на расправа пред Комисијата за надзор врз следењето на комуникациите, која ќе биде составена со претседател и мнозинство членови на опозицијата. Така да, на ...

Бранко Наумовски: Тешко и се пишува на Македонија ако не се реализира договореното во Пржино

За имплементирање на договорот ќе треба добар дел од постоечката норматива да се измени и дополни, за да се создаде основа за примена на договорот, во спротивно ако не се создаде нормативна основа и директно се спроведува договорот за мене ќе значи постоење на парауставен правен систем, вели Наумовски во интервју за Кирилица.

Избори во април се грешка, нужна е преодна влада со манадат од 12 до 18 месеци

И власта и опозицијата си го покажаа своето вистинско лице. И на едните и на другите најлесно им е да закажат избори сметајќи дека едните ќе останат на власт па во иднина ќе можат да ги забошотат сите обвинувања, а другите дека ќе дојдат на власт и ќе им наплатат за сé и тоа на оние кои досега се на власт. А на претставниците на меѓународната заедница, ...

ИНТЕРВЈУ Крсте Шајноски : Кој и колку ќе плати во цехот на должничката криза во Грција?

Македонскиот банкарски систем може да почувствува неповолно влијание (намалување на провизиите во работењето) само доколку се намалат потребите на домашните и странските субјекти за плаќања по тековни трансакции. А, тоа зависи од развојот на настаните во Грција, вели Крсте Шајноски, универзитетски професор во интервју за Кирилица.

Медиумите - еврејски, зашто така е поинтересно!

Каков би бил тој светски заговор ако во него активно не учествуваат и светските медиуми? Иако фактите говорат дека Евреите, и да сакаат, немаат шанси да го „исконтролираат“ американскиот, а не пак светскиот информативен пејсаж, теоретичарите на заговор упорно го градат овој мит, зашто им е неопходен.

Во Иран измерени 72 степени Целзјусови (Фото)

Во Иран се измерени 72 Целзиусови степени поради топлотниот бран кој го зафати целиот Блиски Исток. Со оваа темература Иран се приближи до рекордот од 81 степе Целзјусов, што е рекордна тмпература измерена во Саудиска Арабија на 8 јули 2003 година.

Се сруши хеликоптер на воени игри во Русија (Видео)

Руски воен хеликоптере Ми-28Н се сруши на аеромитингот во градот Рјзан во текот на акробатски лет изведен во рамки на првите Меѓународни воени игри во Русија. Едниот пилот успеа да се катапултира, додека за другиот се уште се трага.

Поплави во Мјанмар, триесетина загинати

Околу 30 луѓе загинале во поплавите предизвикани од монсунските дождови во Мјанмар, во југоисточна Азија.

Споредба на германското и македонското општество како одличен пример за развојот на демократска свест

Деновиве во Германија се одигрува еден прилично интересен скандал, кој мислам дека е вреден да се пренесе и објасни, а со тоа и да се направи една паралела со нашето општество и можните симулирани реакции.

Подалеку партиските раце од телевизијата на народот

Јавниот радиодифузен сервис и според Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни услуги е телевизија на сите, на секој граѓанин на оваа земја. Македонската радиотелевизија со своите програми им се обраќа на сите граѓани без разлика на нивната етничка или политичка припадност, без разлика на нивната возраст, на образованието или на социјалниот ...

Учеството на дијаспората на претстојните избори

Во весниците, како и во партиските преговори, деновиве на маса повторно е ставено гласањето на македонската дијаспора. Ова прашање би требало да се посматра од два аспекти.

Лидерство на случајните

Можат ли случајни личности да достигнат врвови во политиката? Можат, но во моментот кога ќе ја приграбат власта, тие престануваат да бидат „случајни“! Токму тоа двојство е причина заради која селекцијата во власта треба да биде ригорозна.

ПСЖ го совлада Олимпик Лион

Екипата на ПСЖ (првак на Франција) триумфираше во францускиот куп Супер куп откако го победи Олимпик Лион со 2:0. Натпреварот беше решен во првите минути со головите на Серж Орие (11.минута) и на Единсон Кавани (17).

Јотовски во полуфинале на турнирот во Тунис

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на тенискиот турнир во Тунис.

Пекинг домаќин на зимската Олимпијада во 2022 година

Пекинг, главниот град на Кина е избран од страна на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да биде домаќин на Зимските олимписки игри во 2022 година. Пекинг денеска го победи кандидатот финалист Алмати, Казахстан, на гласањето од страна на 85 делегати на ИОК, кои се собраа во Каула Лумпур, Малезија.

Рамос и понатаму ќе го носи дресот на Реал Мадрид

И покрај најавите дека Серхио Рамос летово ќе го напушти Реал Мадрид, „Марка“ објави дека шпанскиот репрезентативец ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2020 година.

Како севернокорејската телевизија извести за Саше Политико

На Јутјуб се појави ексклузивно видео од извештај на дописникот на Државната телевизија на Северна Кореја за инцидентите поврзани со македонскиот провокативен новинар Саше Политико и за политиката на македонската влада кон него.

Дрес-кодот на Груевски - декодиран!

Хакер, кој во слободно време работи за странски разузнавачки служби, вчера успеа да го дешифрира значењето на маицата на премиерот Никола Груевски.

Поучен од македонскиот пример, Обама си постави камп пред Белата Куќа

Поддржувачите на американскиот претседател барак Обама поставија камп пред Белата Куќа, стравувајќи дека, по примерот на Македонија, активисти на опозициската Републиканска партија би можеле да постават свој камп, во знак на револт за аферата за прислушување.

Православниот огранок на Исламска држава се закани дека ќе ги убие сите што вежбаат јога!

Православниот огранок на озлогласената терористичка организација Исламска држава вчера испрати заканувачки писма до повеќе македонски медиуми во кои им се заканува со убиства на сите граѓани на Република Македонија кои вежбаат јога.